Радио Милева аманет

Влатко Миладиноски откри што чува во спомен од вујко му Војо Стојаноски, а денес има непроценлива вредност

Влатко Миладиноски откри што чува во спомен од вујко му Војо Стојаноски, а денес има непроценлива вредност

Познатиот македонски фолк-пејач Влатко Миладиноски уште еднаш покажа дека вистинската семејна љубов, почитта и спомените за најблиските немаат цена.

Со својата најнова објава на социјалните мрежи, тој  разбуди силни емоции кај народот, споделувајќи галерија фотографии од нешто што за него и за целата фамилија претставува вистинска реликвија и аманет од неговиот непрежален вујко, македонската фолк-легенда Војо Стојаноски.

Под објавата, Влатко најави нов, посебен проект со зборовите:

„Фотосесија како најава за видеото што следува со еден од моите омилени спомени од мојот вујко Војо Стојаноски… Подготвуваме посебен проект, кој претставува аманет – начин да се зачува, негува и пренесе она што ни е оставено во наследство, засекогаш“.

Станува збор за култниот темен „мерцедес“ со охридски таблички кој некогаш го возел токму Војо во своите најславни денови, а денес Влатко со огромна гордост го чува.

Како што претходно  раскажа пејачот, ова возило за него нема материјална, туку огромна сентиментална вредност. Откако долго го чекал, тој речиси цела година макотрпно и со многу љубов го реставрирал за да му го врати стариот сјај.

Денес го чува љубоморно, блиску до себе, а нагалено го викаат „Мечето“. Особено трогателно е тоа што овој автомобил станал омилен дури и на неговите мали деца, кои покрај сите модерни возила, секогаш го бираат токму „Мечето“ кога одат на семејни дружби.

Војо Стојаноски замина прерано, но неговиот дух, песната и честа продолжуваат да живеат преку луѓето што најмногу го сакаа.

Со овој гест, Влатко Миладиноски не само што зачува еден драг предмет од забот на времето, туку покажа како се сака и почитува сопствената крв – докажувајќи дека спомените навистина не умираат сè додека има кој со гордост да ги чува во срцето.

фото: Instagram printscreen/vlatko_miladinoski/@bglisik/@pepikirka/Facebook/Македонска музичка легенда, Војо Стојановски

To top