Пејачката Сека Алексиќ има два сина, а сега проговори за нивното воспитување, испраќајќи им порака и на другите родители.
Со една изјава успеа да предизвика лавина од коментари.
„Нормално е едно дете да носи иста тренерка три дена на училиште, сè додека не ја извалка. Кога ќе ја извалка, мама ќе ја испере, потоа повторно ќе се исуши и одиме одново“, рече Сека Алексиќ и додаде:

„Не е нормално секој ден да ја менуваш облеката. Тоа не е нормално! Луѓе, не е нормално да гледате познати личности кои на социјалните мрежи рекламираат сè и сешто. Кои рекламираат прескапи производи, парфеми, шминка, луксузен живот, Дубаи и слично. Тоа не е нормално. Тоа не е вистинскиот живот. Тоа е измама, заблуда, лага“, рече Сека, а потоа откри што според неа е нормално.
„Нормално е да бидете дома, а не во Дубаи. Нормално е да јадете грав два дена или полнети пиперки, мусака или сарма. Не е нормално секој ден да јадете кавијар, ракчиња, лигњи и слично. Не е нормално секој ден да снимате море од тераса во Дубаи. Тоа се лажни животи“, порача пејачката за радиото „WTF“.
Нејзината изјава предизвика лавина од коментари. Едни се согласуваат со нејзиното мислење, додека други сметаат поинаку.
„Не е нормално децата да не ја менуваат тренерката секој ден. Тоа е основна хигиена. Тие си играат, се потат, се валкаат…“
„Нормално е да бидат чисти, секој ден да се тушираат и да се пресоблекуваат.“
„А зошто ти ја менуваш облеката секој ден и не јадеш грав?“, се дел од коментарите на оние кои не се согласуваат со неа.
Од друга страна, имаше и такви кои ја поддржаа:
„Секоја чест, токму така!“
„Сека е реална и сосема нормална.“
„Моето дете не може да носи иста тренерка три дена бидејќи се враќа од училиште целото валкано и извалкано, но мама ќе ја испере и повторно ќе ја носи.“
„Браво, Сека, затоа што си иста и кога немаше и сега кога имаш. Токму затоа те сакам“, се дел од коментарите.
Foto: Printscreen Instagram/seka_aleksic





