Топол и ароматичен јапонски специјалитет со богата пилешки бујон, нежно месо, нудли, шитаке печурки и меко варено јајце.
Ѓумбирот, соја сосот и свежиот зеленчук му даваат прекрасна арома и богат вкус.
За течноста:
800 г пилешко месо со коска – копани или батак
1 праз
1 главица кромид
1 цела главица лук
парче свеж ѓумбир
3–4 моркови
5–6 шитаке печурки
околу 2,5–3 л вода
За сосот:
8 лажици терјаки сос
2–3 лажици соја сос, или по вкус
2 млади кромидчиња
свеж ѓумбир, по вкус
За сервирање:
400 г нудли
4 јајца
сусам црн и бел
Подготовка: Во големо тенџере ставете го пилешкото, празот, кромидот, лукот, морковите и ѓумбирот. Налејте со вода и оставете да се вари на тивок оган околу 1½–2 часа, за да се добие ароматичен и богат бујон. Пилешкото извадете го од тенџерето, одвојте го месото од коските и исечете го на помали парчиња. Бујонот процедете го, а морковот можете да го исечете и да го додадете при сервирањето. Шитаке печурките додајте ги во процедениот бујон и варете ги уште неколку минути. Потоа извадете ги и исечете ги на парчиња.
Во мал сад измешајте ги терјаки сосот, соја сосот, ситно сечканиот млад кромид и малку свеж ѓумбир. Нудлите сварете ги одделно според упатството на пакувањето. Не ги варете во бујонот. Јајцата варете ги 7–8 минути, за жолчката да остане мека. Изладете ги, излупете ги и пресечете ги на половина.
Во длабоки чинии ставете од подготвениот сос, па налејте го врелиот пилешки бујон. Додајте ги нудлите, пилешкото и шитаке печурките. Одозгора ставете по половина јајце, додајте малку млад кромид и наросете со сусам.
Послужeте го врел и веднаш по подготовката, додека нудлите се свежо сварени, а пилешкото и бујон се топли и ароматични. (МИА)
фото:Magnific







