Мегафон Нови признанија од изборите за убавина

На „MISS TEEN PLANET 2026“ Ива Георгиева и Зорана Блажевска освоија две титули за Македонија

На „MISS TEEN PLANET 2026“ Ива Георгиева и Зорана Блажевска освоија две титули за Македонија

Неодамна во Бургас, Бугарија се одржа изборот за Мис Тин Планет 2026, на кој Македонија ја претставуваа две девојки, Ива Георгиева (15 г.) од Виница и Зорана Блажевска (14 г.) од Скопје и двете освоија титули.

Ива се враќа со титулата Мис талент, а Зорана е Мис модел.

Победничка е претставничката на Грузија. Двете наши девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина и модели.

Традиционално, веќе со години организатор на овој избор е агенцијата Intersound од Софија.

Фото: Лична архива/Модно студио Црнокрак

To top