Познатата пејачка Рада Манојловиќ одлучи дел од парите што ги заработила во текот на музичката кариера да ги вложи во недвижности.
Пред неколку години, во договор со сестра си Маја, која воедно е и нејзин менаџер, купи три гаражни места на белградската населба Душановац, за кои издвоила 55.000 евра, односно околу 6,5 милиони динари.
Идејата била паркинг-местата да ги издаваат и на тој начин да остваруваат дополнителна заработка. Како што тогаш било објавено, Рада и Маја дошле до оваа одлука по разговор со пријател кој веќе поседува поголем број паркинг-места и остварува добар приход од нивното издавање.
– Рада и Маја одлучија парите што ги заработуваат од настапите да ги вложат на паметен начин. Сè што заработија од Нова година до тој момент решија да го инвестираат во гаражни места. До оваа идеја дошле по совет на пријател кој веќе има 20 паркинг-места и заработува многу добро од нивното издавање.

Иако цените на паркинг-местата во меѓувреме порасна, сестрите Манојловиќ успеале да договорат поповолна купопродажна цена.
– И покрај тоа што цените на гаражните места се зголемија, Рада и Маја добија одреден попуст, па трите места ги купија за 55.000 евра. Во тој момент сè уште не почнале да ги издаваат, но планот им е за едно паркинг-место месечно да наплаќаат околу 150 евра. Пејачката на почетокот не била целосно сигурна дали ваквата инвестиција се исплати, но откако слушнала колкава заработка остварува нивниот пријател, го променила мислењето.
– На почетокот било тешко да ја убедат Рада дека вложувањето во гаражи е добра идеја, бидејќи сметала дека од тоа нема некоја голема заработка. Кога слушнала колку месечно заработува нејзиниот пријател од паркинг-местата, сепак го променила ставот.
Според тогашните информации, сестрите Манојловиќ не сакале да застанат на трите купени гаражни места. Планирале да продолжат со инвестирањето и да го прошират својот мал бизнис на истата локација.
– Нејзините колеги главно вложуваат во станови, а и Рада размислува за купување недвижност. Сепак, во моментов гаражните места ѝ се приоритет. Планирала до летото да купи уште пет паркинг-места на Душановац, а Маја ја советувала заработените пари да не ги чуваат настрана, туку да ги инвестираат.

За својата одлука да вложува пари во недвижности говорела и самата Рада, истакнувајќи дека сега ѝ е важно многу повнимателно да располага со заработеното.
– Не сакам да навлегувам во детали за бизнисот, но сакам паметно да ги инвестирам парите. Татко ми ме воспитуваше секогаш прво да мислам на другите, па потоа на себе, а сега го критикувам поради тоа. Зошто да им давам на другите повеќе отколку на себе?! Работам со години, а другите ги трошеа моите пари. Епа, дојде време сестрите Манојловиќ да вложуваат во својата иднина.
Пејачката открила и дека размислува за купување станбен имот, но Белград не е нејзиниот прв избор. Се осврнала и на периодот кога, како што вели, трошела многу пари на проекти кои не секогаш се покажувале како исплатливи.
– Планирам да купам и недвижност, но не во Белград. Порано не знаев да ракувам со парите, бидејќи давав и по 30.000 евра за само еден спот. Но, добро, не се жалам. Некогаш тие инвестиции се исплатеа, некогаш не… Не можеш да добиеш ако не ризикуваш, но сега сè правам многу попаметно – раскажала Рада.
foto: printscreen/instagram/radamanojlovic






