Радио Милева ѝ посака добредојде во семејството

Први фотографии од Кеба со бремената снаа: „Ја очекуваме приновата!“

Први фотографии од Кеба со бремената снаа: „Ја очекуваме приновата!“

Откако вчера Игор Којиќ тајно го изговори судбоносното „да“, неговиот татко Драган Којиќ Кеба не ја крие големата среќа. Сега за првпат објави фотографија со својата бремена снаа.

Драган Којиќ Кеба ѝ посака добредојде во семејството на својата нова снаа, објавувајќи заедничка фотографија на која ја прегрнува. Покрај фотографијата стави емотикон со срце и три точки, кои особено го привлекоа вниманието на јавноста.

Покрај фотографијата кратко порача:

„Добредојде, снао Николина“.

Драган Којиќ Кеба не ја крие среќата откако неговиот син Игор Којиќ му го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Николина. Пејачот пред камерите ги откри деталите од вчерашната венчавка, потврди дека семејството наскоро ќе добие бебе, но најави и голема прослава следната година.

– Мојот син Игор и мојата драга и прекрасна снаа Николина одлучија да ја крунисаат својата искрена љубов со граѓанска венчавка. Тоа се случи вчера, но одлучија да бидат присутни само кумовите, па сето тоа го направија на најубав можен начин. Видов неколку снимки, „Излези, мала“ и слично, сето тоа ми е симпатично. Секако, без голема помпезност, но сето тоа се проследи, што воопшто не е проблем – изјавил Кеба со насмевка на лицето.

Пејачот потоа ја споделил најубавата вест – семејството Којиќ наскоро ќе добие принова.

– Наскоро ќе бидат прекрасно семејство, а тие двајца веќе се такви. Ја очекуваме приновата! Се подготвувам за една од најважните улоги во мојот живот. Да бидам весел, добар и подвижен дедо. Добро, дедо – дедиште! Ова е само почеток – порачал пејачот.

Foto: dragankojickeba / Instagram

To top