Вистинска бура на социјалните мрежи предизвика жестоката реакција на Бојан Јовановски – Боки 13, кој без влакна на јазикот удри по српската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ поради нејзините ставови и драмата околу костимот сукњичка, кој во градинка му бил облечен на најмалиот внук.
Откако откри дека Цеца го блокирала на Инстаграм токму во моментот кога сакал јавно да ја означи, Боки 13 не остана должен и ѝ упати брутална порака во која ја обвини за двојни аршини и лицемерие.
Ова е сериозна фрустрација и латентна хомофобија!“
Во својата објава, Боки директно ја прозва пејачката за тоа зошто се крева толкава фама околу обична детска игра и костим што самото дете го избрало, прашувајќи ја дали станува збор за „некои трауми или потајни неисполнети желби?!“.

Тој отиде и чекор понатаму, споменувајќи луѓе од нејзиното блиско опкружување и соработници, прашувајќи ја дали и ним ќе им објаснува што е „за момчиња“, а што „за девојчиња“ и дали и тие ќе се потпишат на спорната петиција.
Најостриот дел од пораката се однесуваше на минатото на пејачката и нејзиниот син:
„Кажи му на својот син дека Карамела травестиран од глава до пети ти беше главен гостин на концертите и главен гостин во таа куќерина, и објасни му како лудо се забавувавте додека ги имитираше пејачките кои ти ги таргетираше… Бизар! Докажано – секој најгласен хомофоб е латентен хомосексуалец!“ – напиша Боки 13.

На крајот, во свој препознатлив стил, Јовановски ја заврши објавата со иронична порака за добра ноќ:
„Одам да се облечам во спаваќа и како самовила да заспијам! Пазете се, самовилата доаѓа на сон“. – завршува тој, а со тоа автоматски почна стартот на нова естрадна војна и тоа доста жестока.
фото:Instagram printscreen/cecaraznatovic/boki13official






