Радио Милева емотивно

Душата ми е болна, направив сè за моите родители – Лепа Брена за ова зборувала само еднаш

Душата ми е болна, направив сè за моите родители – Лепа Брена за ова зборувала само еднаш

Мајката на Лепа Брена, Ифета Јахиќ, почина на 21 ноември 2014 година, на 81-годишна возраст. Брена била многу приврзана за својата мајка, па често истакнува дека за неа направила сè што било во нејзина моќ.

„Човек никогаш не може да биде подготвен за таков шок каков што е смртта на родител“, изјавила Брена кратко по смртта на Ифета.

„Колку и да плачев и колку и да ми е тешко, во мојот живот не постои ниту една причина да чувствувам грижа на совест дека нешто не сум направила за моите родители“, додала пејачката тогаш со растреперен глас.

„Душата ми е мирна, иако многу ме боли“, изјавила пејачката во една прилика за телевизијата „Прва“, по што повеќе не зборувала јавно на оваа тема.

Брена неодамна, на денот на роденденот на својата мајка, се огласи со емотивна порака.

„Среќен роденден, мајко“, напиша во објавата.

„Ми недостигаш“, додаде Брена.

Инаку, мајката на Брена била оперирана во март 2014 година во Тузла, по што пејачката ја префрлила во Белград, каде што и починала.

Ифета починала на денот на семејната слава на Живојиновиќ, Свети Архангел Михаил. Била погребана во Брчко.

На својата мајка, Ифета Јахиќ, Лепа Брена ѝ го посветила и албумот со изворни и народни новокомпонирани песни. Во повеќе наврати истакнувала дека токму благодарение на мајка ѝ ја засакала и научила да ја пее народната музика.

Лепа Брена го загуби и својот татко, Абид Јахиќ, кој почина во 2010 година.

Foto: printskrin/Instagram/ lepabrenaa

To top