Живот и стил

Денес готвиме: Динстана зелка со суво месо

Денес готвиме: Динстана зелка со суво месо

Едноставно, домашно јадење со богат вкус и мирис што потсетува на традиционалната кујна. Динстаната зелка со малку чадено месо е вистински избор за вкусен семеен ручек.

Потребни состојки:

1 главица свежа зелка
50–100 г чадена сланина (панцета)
1 главица кромид
4 чешниња лук
1 морков
1 лажица доматно пире
Магдонос
Масло или маст
Сол, црн бибер и мешан зачин
Суво месо или чадени колбаси, по желба

Подготовка:

На малку масло или маст пропржете го ситно сечканиот кромид додека омекне. Додајте ја сланината исечена на парчиња и кратко пропржете. Зелката исечете ја на подебели ленти и додајте ја во тенџерето. Динстајте 10 минути со повремено мешање. Потоа додајте ги ситно сечканиот лук и магдонос, морковот исечен на кругови и доматното пире. Зачинете по вкус и додајте малку вода. Пред крајот додајте чадени колбаси или парчиња суво месо и продолжете со динстањето додека зелката целосно омекне и вкусовите се соединат.

Фото: Magnific

To top