Љубов и секс

Ерогени зони кои ќе ги разгорат страстите во кревет – допрете ја жената на овие 3 места

Ерогени зони кои ќе ги разгорат страстите во кревет – допрете ја жената на овие 3 места

Многу мажи се прашуваат што навистина ги возбудува жените. Постојат три едноставни правила кои ќе го натераат вашиот партнер да се стопи во вашите раце.

Колку пати сте посакале да влезете во главата на една жена за една минута за да откриете што навистина ја возбудува? Постојат едноставни правила кои речиси секогаш функционираат за речиси сите жени.

Колку и да сакате што побрзо да ги разбранувате страстите, имајте на ум дека жените се разликуваат од мажите кога е во прашање предиграта и возбудата.

Men’s Health открива три точки на телото на жената кои треба нежно да се допираат за време на предиграта, а според експертите треба да траат најмалку пет до 10 минути.

Врат

Нежно допирајте го вратот на жената ако сакате да ја возбудите. Тоа е една од трите стимулативни области на женското тело на кои таа ретко не успева да одговори со одобрување. Експертот за секс Деби Хербеник вели дека нежните бакнежи во вратот на жената ќе бидат одличен прв чекор за да ја возбудите.

Бутови

Внатрешноста на бутовите е особено стимулативна за жената ако нежно и полека ја допирате. Оставете да се излади, а потоа повторете ја постапката. Ова може да биде и добар вовед во орален секс.

Гради

Не застанувајте само на брадавиците. Тие не се единствениот чувствителен дел од женските гради. Прегрнете ги со целите дланки и подарете им неколку бакнежи, е советот на експертите.

Покрај тоа што допирот на споменатите делови од женското тело ќе ја возбуди жената, исто така ќе се погрижи жената полесно и порано да доживее оргазам.

фото:freepik

To top