Мегафон музичко обединување

Концерт на Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад во Македонската филхармонија

Концерт на Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад во Македонската филхармонија

Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад, на 19 ноември, ќе се обединат на сцената на Македонската филхармонија, во заеднички настап под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Два оркестри, еден голем музички состав и една заедничка уметничка визија. Оваа вечер му припаѓа на оркестарскиот звук во сиот негов раскош – на музичката енергија, виртуозноста и уметничката посветеност на музичарите, кои преку заедничката интерпретација создаваат единствена звучна целина.

Публиката ја очекува програма што обединува различни музички епохи и естетики – од возвишената звучност на Ралф Вон Вилијамс, преку ритмичката енергија на Освалдо Голијов и македонското композиторско творештво на Стојан Стојков, до темпераментната и виртуозна музика на Бизе–Шчедрин.

НА ПРОГРАМАТА:

• Ралф Вон Вилијамс – Fantasia on a Theme by Thomas Tallis
• Освалдо Голихов – Last Round
• Стојан Стојков – Суита за гудачки оркестар
• Бизе – Шчедрин – Carmen Suite

Ова е можност да се доживее силата на заедничкото музицирање и богатството на оркестарскиот звук во изведба на два ансамбли обединети на една сцена.

19 ноември 2026 (четврток)
Македонска филхармонија, Скопје

фото:Постер/македонска филхармонија

To top