Познатата и шармантна македонска телевизиска водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска, уште еднаш покажа дека и тоа како умее суптилна, но со многу хумор да ја заинтригира јавноста кога станува збор за нејзиниот естраден и приватен статус.
Откако со години беше во сериозна и долга љубовна врска со познатиот македонски неврохирург Томи Камилоски, за кого секогаш говореше со огромна почит и љубов, во медиумите подолг период владееше молк за нивниот статус. Сања вешто ја избегнуваше оваа тема пред камерите, оставајќи ги обожавателите во постојана дилема.
Сепак, нејзината најнова стори-објава на Инстаграм направи вистински бум и на духовит начин конечно го потврди она за што долго се шепотело – дека убавата водителка официјално ужива во сингл животот.
Сања сподели интересна вест која вели:
„Финска ги поканува сингл луѓето на патување со сите платени трошоци во 2027 година, вклучувајќи и вечера на слепо со локални сингл Финци“.

На оваа примамлива понуда, таа додаде свој краток и урнебесен коментар:
„Спасени сме“, придружен со емотикон со склопени раце за молитва.
Со овој потег, таа не само што ги насмеа своите следбеници, туку и јасно стави до знаење дека е сама и слободна подготвена за забава.
Кога не е под силните рефлектори во студиото каде што секојдневно ги забавува гледачите, Сања приватно живее исклучително мирен, урбан и исполнет живот.
И покрај тоа што животот често носи промени и завршетоци на одредени поглавја, Сања секогаш зрачи со неверојатна позитивна енергија, шарм и природност кои ја прават една од најомилените ТВ лица кај нас.
Дали Финска навистина ќе биде нејзината следна дестинација за патување или ова е само слатка провокација за ергените, останува да видиме, но едно е сигурно – нејзиното срце е слободно, а насмевката посилна од кога било!
фото:Instagram printscreen/





