Радио Милева Болна загуба

„Со себе однесе половина од мојот живот“: Болната исповед на Дарко Лазиќ за смртта на неговиот брат

„Со себе однесе половина од мојот живот“: Болната исповед на Дарко Лазиќ за смртта на неговиот брат

Пејачот Дарко Лазиќ проговори за болната загуба на својот роден брат Драган, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 11 март. Иако не сака често јавно да зборува за трагедијата бидејќи раните сè уште се свежи и болни, пејачот за време на гостувањето во една емисија собра сили да открие како семејството се справува со тагата и на кој начин се грижи за децата на Драган.

Дарко истакна дека прави сè што е во негова моќ за децата да не ја почувствуваат празнината, нагласувајќи дека ги сака и се грижи за нив исто како и за своите деца.

„Максимално се трудам тие да не почувствуваат толку голема тага и болка. Децата постојано се кај мене, и моите и неговите. Не ги разделувам – моите деца се и негови деца. Сè уште е свежо и болно, но се обидуваме барем малку да вратиме боја во животот и да го отстраниме тоа сивило. Половина од мојот живот си замина со него.

Избегнувам да зборувам за тоа. Се трудам домашните што помалку да забележат колку ми е тешко и да им ја вратам насмевката на лицето. Гледам дека им недостига татко им и јас не можам да им го заменам, но можам да бидам тука за нив и да им помогнам во сè што им е потребно, иако не можам да им го заменам таткото“, раскажа пејачот.

Во желбата да исполни сè што неговиот брат започнал, Дарко неодамна ја презел и улогата на кум на крштевањето на детето на нивни блиски пријатели, наместо покојниот Драган.

„Мојот покоен брат требаше да им ги крсти децата, а потоа се случи тоа што се случи – брат ми загина. Без размислување прифатив да го крстам детето. Имаше мала прослава, ручек, малку музика…“, раскажа пејачот во емисијата „Премиера Викенд-Специјал“.

Лазиќ најави и голем меморијален концерт во чест на Драган, кој ќе се одржи на годишнината од трагедијата, на 11 март. На концертот ќе настапат изведувачи што неговиот брат најмногу ги сакал и слушал.

„Концертот првично беше планиран за октомври, но работите не се одвиваа како што треба. Затоа планирам концерт на годишнината од неговата смрт, на 11 март, во спомен на мојот брат. Гости ќе бидат пејачи што тој ги сакаше. Едно место во првиот ред ќе остане празно, оставено за него. За мене тој секогаш живее и ќе живее. Тој е мојата сила“, откри Дарко.

 

Foto: printscreen/instagram/darkolazicofficial

To top