Водителката Јована Јеремиќ не ги штедеше зборовите за свршеникот на Мина Костиќ, Мане Ќурувија Каспер, а по сè што се случи, на Инстаграм се огласи и пејачката, која сега објави фотографија со својот избраник.
Пејачката објави фотографија на која го бакнува Каспер, додека тој не ја симнува насмевката од лицето.
Во описот стави емотикон со бело срце, како и песната „Лају кује“ на Маја Беровиќ, што привлече големо внимание.

Да потсетиме, со денови се пишува за Јована Јеремиќ и свршеникот на Мина Костиќ, Мане Ќурувија, кои се во жесток конфликт поради тужбата што Каспер ја поднесе против водителката.
– Тоа е човек кој е познат од непознати причини. Тој е поранешно момче на Мина Костиќ. Времето ќе покаже дека Јована Јеремиќ била во право. Во наредниот период ќе излезат нови информации за него. Мина не е единствената жртва, тој има и други жртви. Нему му е даден медиумски простор – изјави Јована за медиумите.
Мане одлучи да ја тужи Јеремиќ поради нејзините изјави за него.
Јована претходно се осврна и на состојбата на Мина, изнесувајќи го своето видување за односот меѓу пејачката и нејзиниот партнер. Таа тврдеше дека тој не ѝ носи ништо добро, а токму поради овие зборови тој ја тужеше.
– Проблемот кај луѓето кои завршуваат на психијатрија е тоа што не ја зајакнуваат сопствената самодоверба и себе, туку вложуваат во другиот. Тоа најчесто се многу добри луѓе кои му се посветуваат на човек што не ги заслужува. Конкретно, Мина Костиќ – таа жена најпрво требаше веднаш да се спаси од таа грозотија и од демонот по име Каспер. Оддалечете го човекот од жената. Тој е демон кој ѝ го уништува животот на жената – изјави Јована.
foto: printscreen/instgaram/minakostic_official






