Радио Милева промена во животот

Сите зборуваат за тајната венчавка на Јована Јеремиќ: Водителката кратко се огласи и со еден збор кажа сè

Сите зборуваат за тајната венчавка на Јована Јеремиќ: Водителката кратко се огласи и со еден збор кажа сè

Јована Јеремиќ се огласи по веста дека тајно се венчала со Милош Стојановиќ Тигар. Водителката не крие дека е среќна во љубовта и дека ова е најубавиот период во нејзиниот живот.

На Инстаграм објави фотографија со Тигар, под која кратко напиша: „Сопруг“.

Набргу потоа, социјалните мрежи се вжештија, а во коментарите сите им честитаа за венчавката. По тој повод, тамошните медиуми ја контактирале водителката.

„Одмарам, засега не би зборувала ништо на таа тема“, изјави таа.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ неодамна зборуваше за нивната љубов.

„Тој го обожава тоа. Токму во тоа и се вљуби. Милош обожава жени кои се егоцентрични и сака жени кои се свои, успешни, жени кои постигнале големи работи во животот. Милош се ожени со најсилната жена. Тоа не може секој да го направи. Тоа што го направи тој, не го направил никој.

Навистина немам конкуренција ниту во минатото ниту во сегашноста. Не гледам никого што е толку комплетна личност како мене. И тоа не е мојата самодоверба, Јована Јеремиќ, како што велат во рубриката „Дневна доза самодоверба“. Јас сум комплетен пакет. Хиперинтелектуалка, жена-шоумен. Како што би рекол нашиот народ, истовремено и грешница и светица, и добра жена и вештерка, жена која без проблем може да изведе стриптиз. Мајка ми ме родила за сè“, порача водителката.

foto: printscreen/instagram/jeremicjovana

To top