Авантурите на познатиот телевизиско кулинарски шеф Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка никогаш не престануваат, тие секогаш се на агенда и тоа не било каква, туку далечна и разбирливо возбулива.
Овој пат на агенда им беше посета на Египет, полн со предизвици и љубопитство за сите културолошки знаменитости.

Оттаму, Марк е оној што редовно ја полни фото-галеријата на социјалните мрежи, а меѓу целто шаренило сакаше да го обои со многи љубов пишувајќи љубовна исповед посветена на неговата Василка или како што ја нарекува, Шери.

„Љубовта не е само во големите зборови…
туку во погледот, во насмевката, во допирот и во раката што секогаш е тука.
Заедно низ сите години, низ сите убави и тешки моменти.
Двајца различни луѓе, но едно срце, една приказна и една љубов.
Затоа што најубавото место на светот е покрај човекот што го сакаш.“
„Заедно. Секогаш.“- пишува емотивно разнежнетиот популарен шеф.
А од Екипет имаа да покажат доста тоа, прилично многу од се’ она што имаа прилика да го густираат и непосредно доживеат.

Сепак, она што најмногу го привлече вниманието беа токму оние емотивни фотографии додека се даруваат со бакнежи, сликовито покажувајќи ја својата брачна идила.

Очигледно дека на оваа хармонична брачна двојка, поголемо задоволство за сетилата им прават топлите краишта, бидејќи во време кога кај нас веќе заладува, тие пакуваат куфери и правец во избор на спротивна алтернатива.
Епа, наздравје уживање!
фото:Facebook/Marc De Jongh





