Радио Милева „Криве Дрине“

Српскиот пејач се разведе по само две години брак

Српскиот пејач се разведе по само две години брак

Познатиот српски пејач и фронтмен на популарната група „Магла бенд“, Владан Савиќ, и официјално стави точка на својот брак по само две години заеднички живот со сопругата Јована Јоциќ.

Веста за крајот на нивната љубовна приказна одекна во јавноста, а двојката одлучи повеќе да не ги крие деталите за разделбата.

Како што се наведува, одлуката за развод не била донесена преку ноќ, туку по долги разговори и со заклучок дека тоа е најдоброто решение за двајцата. И покрај тоа што нивната љубов заврши, Владан и Јована решија да останат во цивилизирани и пријателски односи, пред сè поради иднината и воспитувањето на нивната заедничка ќерка Анѓелија, која им е најголем приоритет во животот.

Пејачот, кој важи за еден од најомилените вокали на регионалната сцена, не сакаше премногу да зборува во медиумите за причините кои доведоа до крах на бракот. Наместо изјави, тој одлучи сите свои емоции, тага и низ што сè минувал во овој тежок период да ги преточи таму каде што најдобро знае – во музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAGLA (@maglabend)

Неговата нова песна со симболичен наслов „Криве Дрине“ е всушност неговата лична исповед за крајот на оваа љубов.

Од друга страна, неговата сега веќе поранешна сопруга Јована, исто така се огласи и потврди дека нивниот заеднички пат е завршен. Таа нагласи дека меѓу нив нема зли мисли ниту скандали, туку едноставно љубовта згаснала, но почитта како родители на нивното дете ќе остане засекогаш. Двојката апелираше до јавноста и медиумите да ја почитуваат нивната приватност во овој чувствителен момент, особено поради заштита на нивното малолетно дете.

фото:Instagram printscreen/vladansavic

To top