По долга пауза, кавадаччанката Софија Манева од неодамна се активираше на естрадатата и тоа со нејзиниот веќе добропознат сингл насловен „Лигав тип“ кој доби и видео запис.
Дека песната не е само обичен рефрен, туку рефлексија на реалноста со која се соочуваат модерните жени, Софија потврди во своето последно гостување во познатиот ТВ магазин „Бекстејџ“.

Во едно искрено и сосема отворено интервју, таа без „влакна на јазикот“ проговори за машко-женските односи, за нејзиниот изминат брак и за тоа зошто „вистинските мажи“ станаа загрозен вид.
„Сè поретки се вистинските мажи, сè повеќе се сретнуваме со оние „лигави’“ типови. Вистински маж треба едноставно да ја поштеди жената од многу работи. Јас целиот мој живот сум имала партнери коишто јас сум требала како проект да работам на нив, да ги усмерувам, како да кажам, да мотивирам и слично и целиот мој живот сум во онаа машка енергија. Додека бев во брак бев таа што се чекаше сè од мене. И сега ако ме прашаш со овие 35 години како размислувам, дека ако дојде ред до мене да има некој партнер, тоа дефинитивно би бил партнер на којшто ќе можам да се потпрам и кога јас ништо не би работела, пак сè би функционирало како што треба“, изјави Софија за „Бекстејџ“.

Манева јасно стави до знаење дека според неа помина времето кога жените треба да бидат „креатори“ на своите посилни половини. Нејзината еволуција од жена која носела сè на своите плеќи до дама која точно знае што заслужува,наедно беше пратена како порака со поранешните и идните партнери.
Во продолжение, погледнете ја нејзината искрена исповед за „Бекстејџ“.
View this post on Instagram
фото:Instagram printscreen/sofija.maneva/backstage_macedonia





