Пред два дена јавноста беше затечена од информацијата дека шеф Никола Мишковски се соочил со здравствен проблем од кој му биле вградени неколку стента, па оттука неговото присуство пред камери за претстојната нова сезона, остави прашалници кај верните гледачи.
За среќа, шеф Никола е во добра и стабилна здравствена состојба, а тоа го потврдува и официјалната најава за почеток на новата сезона на шоуто „Брза кујна“ од 5-ти октомври, понедлник.
Посебно нагласување околу тоа дали тој ќе се појави на снимањата, немаше потреба зашто во самата најава за поставата која ќе менаџира и делува во кујната, стои и името на најперманентниот шеф зад кујнскиот пулт.

-По долго ваше чекање, и многу прашања, конечно е време за официјална најава!
Новата, 12. сезона на „Брза кујна“ започнува на 5 октомври, во нашиот редовен термин — 17 часот!
Со вашите миленици шеф Никола, шеф Боби, и Сања, ве очекуваат нови рецепти, многу забава, смеа и, секако, 20 минути вистинска брза кујна!
Се гледаме на 5 октомври во 17 часот на најдобрата ТВ СИТЕЛ!- гласи најавата.
Па така, додека повеќемина и тоа како се израдуваа што секој работен ден од редовниот термин ќе се релаксираат и црпат нови идеи и инспирација за готвење, други сметаат дека редно време е нешто да се смени од концептот кој речиси една деценија опстојува во телевизискиот етер.
Вака или онака, она што сигурно останува непроменето, се водителката Сања Савеска и шефовите Никола Мишковски и Боби Симоновски.
фото:Instagram printscreen/brza.kujna






