Радио Милева изјава и реакција

Калиопи на пресот по повод претстојниот концерт во Скопје даде изјава на која веднаш реагираше Даниел Апостолоски-директорот на „Т Арена Борис Трајковски“

Калиопи на пресот по повод претстојниот концерт во Скопје даде изјава на која веднаш реагираше Даниел Апостолоски-директорот на „Т Арена Борис Трајковски“

„Ќе се журкаме и ќе се веселиме“, порача Калиопи на  прес-конференцијата што се одржа, вчера, среда, 30 септември по повод новата песна „Бебе“, но најмногу заради претстојниот закажан концерт во Т -Арената Борис Трајковски во Скопје.

Пејачката откри дел од она што ја очекува публиката, внимателно чувајќи ја најголемата тајна – специјалниот гостин на вечерта. Одговорот, како што најави, ќе пристигне десетина дена пред концертот. Она што сигурно го вети е дека публиката ќе добие вечер исполнета со сèто она што Калиопи ја направи  да биде она што е денес, по сите изминати години и премрежја во нејзината полувековна кариера.  Како што потенцираше овој октомври има посебна тежина за за неа, зашто токму во овој месец пред 50 години, како девојче, застана на сцената на легендарното „Златно славејче“. Почеток на една кариера што до ден денес трае половина век.

Меѓудругото споменувајќи ги спонзорите без кои еден голем концерт од вакви размери тешко се организира, македонската поп дива во врска со местото на неговото одржување рече: „Арената за мене секогаш ќе остане арена без придавки“!

На новинарско прашање, дали  она „Т арена“ кое беше неодамна додадено во официјалното име на салата, на рекламниот материјал како што се банерите, плакатите, билбордите… кои го најавуваат нејзиниот концерт е испишано со толку мали букви што едвај се гледа, е заради тоа што Македонски Телеком не и еден од спонзорите, па во тој контекст е и оваа нејзина изјава, Калиопи негираше наводна поврзаност на (не)спонзорството со нејзиното поимање на името на салата.

И кога сите помислија дека приказната тука ќе заврши, со свое соопштение, поточно реакција на социјалната мрежа Фејсбук се јави Даниел Апостоловски – актуелниот директор на „Т – Арена Борис Трајковски“ кој напишал во својата објава:

Изјавата на Калиопи дадена: „Без придавки, за мене арената секогаш ќе биде „Борис Трајковски“! Пораката од директорот Даниел Апостоловски возвратно испратена: „Се гледаме во „Т Арена” во СЦ „Борис Трајковски”!

Фото: Инстаграм/kaliopi_official/ и Фејсбук/Danijel Apostoloski

To top