Радио Милева „жив оган“

Ем Вaндера не мирува: Летото го испративме, ама не и горештините од нејзинот егзотичен сексапил од кој „паѓаат вилици“

Ем Вaндера не мирува: Летото го испративме, ама не и горештините од нејзинот егзотичен сексапил од кој „паѓаат вилици“

Македонската снаа од Кенија, црномурестата убавица Ем Вандера никако да излезе од доминантна зона, нејзе таму едноставно и е најкомфорно!

Летото го испративме со тешко срце, а исто и Ем која иако се збогуваше со топлата сезона зад нас, преку својот Инстаграм профил не дозволи горештините така лесно да ги снема…

А главниот фактор за истите е токму нејзината атрактивна појава од егзотичниот сексаил со кој плени каде и да се појави, особено кога е разголена и ги истакнува своите брутално секси облини.

Овој пат преку галерија фотогтрафии Ем повторно им качи температура на своите следбеници, особено оние од посилниот пол, ама и меѓу дамите немаше рамнодушни, па без многу задршка и оставија симболи дека е „жив оган“.

-Летото ќе ми недостига, Анталија те сакам, напиша Ем Вандера Блажеска во описот.

А за тоа дека нејзината доминација ќе заврши со разголените фотки, тоа никако, зашто Ем заедно со колешката Ивана Јанковска ја стартуваат 4-тата сезона од  „Старс шоу“.

Простор, време и совршена прилика за тоа да ја видат што повеќе пред ТВ екраните, веќе е пред впечатливата македонска снаа која сигурно не останува незабележана преку својот шарм, харизма и заносна појава и ведар дух.

фото:instagram printscreen/ emmvvandera

To top