Радио Милева честитки

Бременост во тајна стана тренд: Овој пат изненадувањето е од ќерката на Хелена Роза која стана мајка за првпат

Бременост во тајна стана тренд: Овој пат изненадувањето е од ќерката на Хелена Роза која стана мајка за првпат

Ќерката на поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза, Кјара Гоља Пауни(28), стана мајка за првпат.

Таа и нејзиниот сопруг Стефан Пауни, пред четири дена, поточно на 20 септември го дочекаа своето прво дете.

Иако Кјара успешно ја криеше бременоста од очите на јавноста и не споделуваше ништо на социјалните мрежи, таа ги изненади и израдува своите следбеници со емотивна објава на Инстаграм.

Бременост во тајна како да стана тренд, па секое следно породување на некоја од познатите е изненадување.

Така беше и случајот со Краја, за која немаше ниеден детаљ од кој би се насетило дека доаѓа принова во семејството.

На првата фотографија се гледаат преслатките раце на среќните родители како ја држат својата новородена ќеркичка. Младиот брачен пар, кој живее во Нов Зеланд, одбра уникатно и звучно име за своето првородено девојче – Инара.

За потсетување, Кјара и Стефан се свршија во 2024 година, кога тој ја побара за сопруга со уникатен дијамантски прстен кој самиот го дизајнирал, претходно почитувајќи ја традицијата и барајќи благослов од нејзиното семејство.

На честитките за новороденчето им нема крај, а ние им посакуваме безгрижно детство на малата Инара и многу среќни моменти на новото семејство!

фото:Instagram printscreen/kjaragolja/Gemini

To top