Радио Милева жестоки критики

Тејлор Свифт стана предмет на потсмев на социјалните мрежи: „Милијардерка си, ангажирај фотограф“

Тејлор Свифт стана предмет на потсмев на социјалните мрежи: „Милијардерка си, ангажирај фотограф“

Пејачката Тејлор Свифт за кратко време стана предмет на потсмев на социјалните мрежи. Таа објави интересна фотографија која го привлече вниманието на критичарите на Икс и Инстаграм.

Тејлор Свифт неодамна објави дека пристигнува нејзиниот нов сингл „Patient Zero“. Веста ја објави на социјалните мрежи во форма на постер за споменатиот сингл, а вниманието на јавноста го привлечеа малите, но значајни детали на визуелното решение.

Корисниците на Икс тврдат дека постерот е лошо изработен и дека требало да ангажира професионалци за оваа работа.

Како што може да се види, пејачката за фотографирањето носела црн фустан без ракави со висока јака. Сепак, многумина забележале необични детали во обработката на фотографијата, а најмногу коментари предизвикал делот околу пазувата и колкот.

Според бројни корисници на Икс, постерот изгледа неприродно и премногу „фотошопирано“, а една корисничка на познатата пејачка ѝ предложила следниот пат да ангажира професионален фотограф.

„Фотошопот на насловната фотографија за „Patient Zero“ е ужасен… девојко, милијардерка си, ангажирај професионален фотограф“, напишал еден корисник на Икс.

„Навистина ми е жал, но зошто ѝ е лошо монтиран колкот? Сè е премногу измазнето, речиси како фотографијата да ја направила вештачка интелигенција“, додал друг.

Трет корисник напишал: „Без навреда, но пазувата ѝ ја уредиле до непрепознатливост“.

foto: printscreen/instagram/taylorswift

To top