Радио Милева „мириса на прегорено“

На Сања Савеска и прекипи, па дирекно и без задршка им покажа на засегнатите каде им е местото

На Сања Савеска и прекипи, па дирекно и без задршка им покажа на засегнатите каде им е местото

Телевизискиот екран повторно се вжештува, зашто наскоро започнува омиленото кулинарско шоу на Сител, „Брза кујна“, ја започна својата нова, 12-та  сезона по ред.

Домаќинката Сања Савеска, заедно со шефовите Никола Мишковски и Бобан Симоновски, се враќа во препознатливиот амбиент, подготвена за нови кулинарски лудории, брзи рецепти и многу забава со кои секојдневно ги анимираат гледачите пред малите екрани.

Сања најави и дека фановите отсега ќе можат да ја следат „Брза кујна“ и преку Инстаграм и да дознаат што се’ се случувало, да погледнат нешто кое го пропуштиле или да запишат некој рецепт.

Но, штом ќе се изгаснат рефлекторите, есенското расположение си го прави своето. Сања не крие дека студените есенски денови кои пристигнаа одеднаш ја „пикнаа“ дома.

„Здраво есен, нешто многу ти се брзаше или така ми се чини? Мене баш ми е ладничко и некако не ми се мрда од дома“, сподели таа со своите следбеници, барајќи добри филмски препораки на Netflix за идеално уживање под топлото ќебе.

Сепак, не помина сè во знакот на мирното есенско попладне. Водителката реши јавно да испрати остра и директна порака до една специфична група на луѓе, покажувајќи дека не премолчува пред лошотијата. Револтирана од туѓата љубопитност или можеби злобни коментари, Сања со доза иронија праша:

„Само ме интересира дали ако некого понижиш, исмееш, самиот автоматски стануваш поуспешен??? За жените на селска чешма прашувам.“

Очигледно е дека на водителката и прекипи од озборувањата и негативноста на „миродиите во секоја манџа“, па реши со стил да им постави огледало на сите оние кои се хранат со туѓиот неуспех.

Додека некои сè уште висат на „селската чешма“ во потрага по нов трач, Сања мудро и со стил ги остава зад себе.

фото:Instagram printscreen/sanja_saveska

To top