Радио Милева преседан

Цеца одби да и биде ментор на Тамара Волческа во „Ѕвездите на Гранд“, а причината без многу заобиколување ја кажа веднаш

Цеца одби да и биде ментор на Тамара Волческа во „Ѕвездите на Гранд“, а причината без многу заобиколување ја кажа веднаш

Од изминатиот викенд и почетокот на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, младата македонска поп- пејачка Тамара Волческа е во фокусот на јавното внимание откако застана на големата сцена од регионалното музичко шоу.

За енергичниот настап се’ уште се коментира по социјалните мрежи, но и за еден преседан околу менторството за тоа кој ќе и помага на Тамара во изборот на песни и комплетното претставување.

Познато е дека балканската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ отсекогаш им била наклонета на македонските кандидати со кои извојувала и победи, а Мики Секуловски иако се профилираше преку својот рокерски музички израз, кој е сосема поразличен од фолкерскиот сензибилитет на Цеца, таа дури по учеството на велешанецот во шоуто, го зема и како придружен вокален член од својот бенд.

Исклучокот од редовната пракса на Цеца беше направен токму за Тамара, за која децидно одби да биде нејзин ментор и со конкретно објаснување дека жанровски сака да се занимава оваа сезона со своите модерни народњаци.

-Јас нема да останам во игра за тебе, ќе препуштам на луѓето кои работат со тој жанр. Ти посакувам многу среќа и баш ќе уживам да гледам како се развиваш низ ова натпреварување и ти посакувам многу среќа, кажа Цеца.

Тамара слушајќи го излагањето на Цеца, со кое не се согласи  Ѓорѓе Давид, немаше ништо да додаде освен да слуша, а продукцијата и го додели Мили за ментор кој се согласи да ја води Тамара низ ова музичко патешествие.

А за тоа како ќе се одвиваат нештата понатаму, останува да следиме од емисија во емисија и да веруваме во потенцијалот од ветувачките енергија и талент на Волческа.

фото:You tube printscreen/ Zvezde Granda

To top