Радио Милева братска здравица

Кај близнаците од „Некст тајм“ се слави – поводот голем, значаен, јубилеен

Кај близнаците од „Некст тајм“ се слави – поводот голем, значаен, јубилеен

Вчера (20. Септември) беше нивниот ден- роденден на близнаците Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“ кои го прославија 40-от роденден.

Во Скопје вчера за малку не заврна, оваа година дождот прескокна за нивниот роденден, зашто како што претходно кажале, за нивниот ден секогаш врне дожд.

Едниот во Скопје, другиот во Виена, ама сепак блиску во срцата како и секогаш поврзани, близназите славеа чекор во петтата деценија од животот, а за овој убав, голем и значаен јублилеј на Фејсбук напишаа:

Денеска го славиме нашиот 40-ти роденден. Се чувствуваме благословени што имаме можност да го живееме животот онака како што сакаме – здрави, живи и опкружени со семејство кое секогаш нè поддржува, како и со публика која секојдневно ни дава шанса да уживаме во нашата работа и пасија, а тоа е музиката.
Би посакале сите да бидеме здрави, живи и среќни, да го цениме и уживаме во она што ни го нуди животот.
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!- напишаа браќата.

Честитките се редеа во низа до недоглед, а тие имаа да се заблагодарат и тоа преку најдобото што го знаат и умеат- песната и тоа онаа вистинската – „Славам“.

Честитки за уште многу радосни и среќни моменти!

фото: You tube printscreen/ Next time/Facebook

To top