Кон крајот на месец мај, изненадување беше кога на аудицијата во Скопје меѓу новите кандидати за регионалното муичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, ја видовме познатата македонска пејачка Тамара Волческа.
Иако македонската јавност веќе добро го знае нејзиниот впечатлив вокал и кариера која успешно ја гради на македонската сцена, нејзиниот чекор да влезе во овој регионален предизвик беше неочекуван потег кој изненади.

Овој викенд стартуваше новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а во истата сцената ја „затресе“ токму Тамара – енергично и рокерски бунтовно!
View this post on Instagram
Дека ова е почеток на едно неверојатно и возбудливо патување, покажаа реакцијата на жирито, но и вистинскиот бум на социјалните мрежи по емитувањето на првата епизода. Затрупана со лавина од позитивни коментари и огромна поддршка, Тамара Волческа емотивно се обрати до јавноста и не ја криеше својата среќа за овој нов почеток под менторство на Александар Милиќ Мили:
Не постојат зборови кои можат да ја опишат благодарноста што ја имам за секој коментар и поддршка што ми ја дадовте во неполни 24 часа после емитувањето. Ако е вака после само прва емисија од Ѕвездите на Гранд, тогаш јас сум најсреќниот човек на светот па дури и ова патување да заврши утре. Не сум се уште свесна што се случи и што ќе се случува ама едно знам, а тоа е дека со полна плуќа ќе го уживам секој даден миг на оваа нова отворена патека.
Ви благодарам од срце, бидете ми тука, без вас нема шоу
Ве сака Волческа до небо- напша таа.
Пред Тамара сега претстои исклучително динамичен, возбудлив и предизвикувачки период во Белград. Судејќи по првичните реакции – Балканот допрва ќе зборува за нејзиниот раскошен талент, а ние ќе ја следиме и секако ќе ја поддржуваме!
фото:You tube printscreen/Zvezde Granda / Instagram printscreen/volce.ska/





