Радио Милева трагедија

На само 27 години почина синот на славниот супермодел Синди Крафорд

На само 27 години почина синот на славниот супермодел Синди Крафорд

Модниот свет и семејството на супермоделката Синди Крафорд се завиени во црно.

Пресли Гербер, синот на славната манекенка и бизнисменот Ренди Гербер, почина на 27-годишна возраст. Според официјалните податоци од Канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес, младиот Гербер починал вчера, на 20 септември 2026 година, во установа за рехабилитација.

Првичната вест ја објави американскиот медиум TMZ, наведувајќи дека обдукцијата сè уште не е завршена. Претставник на семејството веднаш испрати кратка изјава до јавноста, нагласувајќи дека тие бараат приватност во овој исклучително тежок и болен период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Mail Australia (@dailymailau)

Роден во Беверли Хилс во 1999 година, Пресли уште од тинејџерските денови тргна по стапките на својата мајка. На само 15 години потпиша договор со престижната агенција IMG Models, а набрзо потоа, заедно со неговата помала сестра Каја Гербер, станаа едни од најпрепознатливите млади лица во модната индустрија.

Сепак, зад гламурозниот живот на пистите се криеше тешка лична драма. Пресли Гербер покажа исклучителна храброст, одлучувајќи отворено и јавно да зборува за своите проблеми со депресијата, паничните напади и зависноста од супстанции. Преку својот подкаст ангажман и Инстаграм серијалот „Mental Health Mondays“, тој се обидуваше да им помогне на другите кои минуваат низ слични ситуации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Presley Gerber (@presleygerber)

Во едно од своите последи обраќања кон крајот на 2025 година, Пресли отворено зборуваше за паничните напади и силните лекови, што морал да ги зема. Тој тогаш призна дека доживеал многу лични загуби кои дополнително го влошиле неговото закрепнување, но нагласи дека неговата цел е луѓето да почувствуваат дека не се сами и да побараат помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grazia Serbia (@graziaserbia)

Зад себе ги остави скршените родители Синди и Ренди, како и неговата сестра Каја.

фото:instagram printscreen/verissimotv/

To top