Светлана Цеца Ражнатовиќ моментално престојува на Кипар, во својата луксузна вила во Аја Напа, од каде објави и го покажа парчето рај во кое ужива.
Светлана Цеца Ражнатовиќ ги спакувала куферите и отпатувала на Кипар, од каде што објави кадри од својата вила и покажа како се опушта.

На својот профил на Инстаграм објави фотографија која веднаш привлече огромно внимание. На снимката се гледа базен со тиркизна вода, опкружен со препознатлива бела камена ограда, додека во позадина се издигнуваат високи палми под ноќното небо.

Очигледно е дека фолк-дивата го користи секој момент за да се одмори и да ги наполни батериите далеку од градската гужва, а со снимката пуштила и релаксирачка музика со која ја доловува атмосферата на одморот покрај вода.

Набргу потоа, објави уште една фотографија од автомобилот, на која во преден план е нејзиното деколте.

Да потсетиме, Цеца неодамна зборуваше за тоа колку сака да поминува време во својата вила на Кипар, каде што наоѓа мир и инспирација за нови проекти. Судејќи според овие снимки, одморот и тоа како ѝ годи.
foto: printscreen/instagram/cecaraznatovic







