Радио Милева забава само за девојки

Славната манекенка провоцира со голотија, а мократа маица и долната облека едвај покриваат нешто

Славната манекенка провоцира со голотија, а мократа маица и долната облека едвај покриваат нешто

Светски познатиот модел Бела Хадид направи вистински бум на социјалните мрежи откако се појави во жешко низдание.

Атрактивната бринета ги почести своите милионски следбеници со кадри од дива природа покрај река, каде позира облечена само во минијатурна долна облека и целосно мокра, проѕирна маица која ги нагласува нејзините облини и малку што им остава на фантазиите на мажите.

Станува збор за моменти уловени за време на нејзиниот краток, но бурен „женски одмор“ во друштво на пријателките, кој Хадид на социјалните мрежи едноставно го опиша со зборовите: „Само девојки“.

Дека нејзината провокативна голотија е полн погодок за публиката потврдува и фактот што за рекордно време објавата привлече речиси 850.000 лајкови. Коментарите под жешките фотографии не престануваат да се нижат, а фановите со воодушевување коментираат дека изгледа како вистинска „сирена од бајките“ и ја нарекуваат „најубавата жена на светот“.

Сепак, зад овие слободни и провокативни кадри се крие и подлабока порака. Иако летово имаше премногу ангажмани како главно лице на познатиот моден бренд „Ало“, Бела во неодамнешно интервју призна дека целосно го променила начинот на кој гледа на успехот.

Славната манекенка, која веќе со години води исцрпувачка битка со сериозната Лајмска болест, истакна дека повеќе нема намера да робува на брзото темпо и постојаната работа. Наместо тоа, таа решила максимално да му се посвети на своето здравје, да научи да се чувствува удобно во сопствената кожа, да најде време за чиста уживање и секој слободен миг да го минува со луѓето што вистински ги сака.

фото:instagram printscreen/bellahadid

To top