Промотер ГЛОБАЛЕН ИСЧЕКОР ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

„Нов лист“ на македонскиот хип-хоп артист: Кацар со своја песна на македонски јазик во холивудската серија „M.I.A.“ (ВИДЕО)

„Нов лист“ на македонскиот хип-хоп артист: Кацар со своја песна на македонски јазик во холивудската серија „M.I.A.“ (ВИДЕО)

Песната „Нов лист“ на македонскиот хип-хоп артист Кацар, целосно испеана на македонски јазик, го доживеа својот глобален пробив како дел од официјалната музика во финалната епизода од холивудската крими-серија „M.I.A.“, која се емитува на светската стриминг платформа Peacock.

Песната, која е во продукција на ИМП, е специјално создадена за потребите на оваа холивудска продукција и е вклучена во завршната, деветта епизода од првата сезона, насловена „Aperture“. Ваквиот ангажман претставува редок и исклучително значаен пример за пробив на македонски уметник во премиум американска телевизиска продукција.

„M.I.A.“ е високобуџетен холивудски трилер зад кој стои Бил Дубук, креаторот на светскиот хит „Ozark“ и сценарист на филмовите „The Accountant“ и „The Judge“, додека пак дел од епизодите се во режија на познатиот Џон Дал познат по филмот „Rounders“ и култните серии „Breaking Bad“, „Dexter“ и „Homeland“.

Актерската екипа ја предводат познати холивудски имиња како Кери Елвес, Данај Гарсија, Алберто Гера и Морис Компте.

Успехот на Кацар со „Нов лист“ во продукција од ваков ранг претставува силна потврда за квалитетот на домашната урбана музика и нејзиниот потенцијал за пробив на светската културна мапа.

Погледнете го трејлерот и слушнете како звучи „Нов лист“ на Кацар во епизодата…

Фото:Facebook/Kacar Toksikolozi/AI Chat GPT

Видео: Facebook/#MIASeries #Soundtrack #Kacar #IMP #Sigi

To top