Приказната за прекинот на пријателството меѓу Сека Алексиќ и Теа Таировиќ ја разбранува јавноста, а коментарите на социјалните мрежи не престануваат.
Иако се мислеше дека ова лето ќе помине без големи расправии и прозивки на естрадата, пред самиот крај се појави вест дека двете пејачки повеќе не се во добри односи, а корисниците на мрежите тврдат дека постарата колешка ја блокирала помладата.
Со проверка на нивните профили на Инстаграм може да се забележи дека тие повеќе не се следат на оваа платформа. Ова предизвика големо внимание бидејќи до неодамна беа во одлични односи и имаа само зборови за пофалба една за друга, а нивната соработка беше доказ за колегијалност меѓу генерациите.

Теа за Сека ја напиша песната со наслов „Умри до зори“, која стана еден од позабележителните моменти во поновиот период од кариерата на Сека, а покрај неа и напиша и две други песни, меѓу кои и нумерата „Ти и ја“. Сека во емисиите нагласуваше колку верува во талентот на Теа за пишување и колку е среќна што се споиле бидејќи тие песни личеле на оние што некогаш ја прославија. Токму затоа, веста за заладување на односите предизвика бурни реакции на мрежата Икс каде корисниците упатија критики на сметка на Алексиќ, порачувајќи и дека треба да ја цени колешката која и помогнала да направи голем музички резултат и дека и го напишала единствениот хит во последните пет години.

Некои корисници додадоа и дека Сека има проблем со помладите колешки бидејќи претходно ги прозва социјалните мрежи и Милица Павловиќ и Александра Пријовиќ. Пи-ар тимот на Теа Таировиќ не сакаше да се огласи по повод оваа приказна, а обидот да се контактира Сека заврши со блокирање на новинарите, што е нејзина честа пракса при поставување непријатни прашања.
Точната причина за кавгата останува непозната, но јасно е дека односите се заладени бидејќи не се следат на социјалните мрежи, а Сека и претходно низ кариерата имаше естрадни конфликти со Дара Бубамара, Стоја Новаковиќ, Маја Беровиќ и Јелена Карлеуша.
фото:Instagram printscreen/seka_aleksic/tea_tairovic/AI






