Ана Стојанова е упорна и неуморна. Фитнес инструкторката буквално не застанува, па по нејзините екскурзии по најегзотичните светски десинации, од Бразил до Малдиви и прошетките по европските убавини, од Шпанија до Италија, расната велешанка сега е во Охрид.

Македонскиот бисер во кој Ана како и обично ужива за сите пари во секој поглед, па тоа на свој начин го прави и на „залезот зад езерската земја“. И тоа со своедвидна ножна симулација на претходно најавената природна појава – затемнувањето на сонцето!
Но, пред сонцето да зајде зад езерскиот хоризонт, денот е долг, а во него Ана има многу други задоволства, ама инфлуенсерска работа во вид на делење корисни совети.

Во случајов со практична показна вежба од глисер вкотвен во водите на македонскиот бисер.

Нејзиниот совет гласи: „Сакате да го промените животот? Ослабете! Тоа е всушност толку едноставно“ – споделила инструкторката спуштајќи се од глисерот во бистрите езерски води!

При тоа симулирајќи го Архимедовиот закон: „Секое тело потопено во вода губи од својата тежина онолку, колку што изнесува тежината на течноста што ја истиснува тоа тело“!
Само што вака гледајќи ги фотографиите и видеото, покрај Архимедовиот закон, за Ана во случајов важи и едно непишано правило: „Онака потопена во водата, колку повеќе привидно губи на тежина, толку повеќе добива на сексапил и предизвикува дополнителна возбуда“!
View this post on Instagram
Зашто гледајќи ја онака влажна и разголена, возбудата расте до граница, што е повеќе од дозволена! Па, влажниот еротски набој може да предизвика работите да добијат сосема поинаков развој… Да ви се „стемни погледот“ и без затемнување на сонцето!
Фото и видео: Инстаграм/annstojanova/AI-Chat GPT






