Промотер

Јованка Јо однеодамна има – „Луда среќа“ (ВИДЕО)

Јованка Јо однеодамна има – „Луда среќа“ (ВИДЕО)

Македонската пејачка Јованка Јо која јавноста ја запозна во регионалното талент шоу „Никогаш не е доцна“ го објави своето најново музичко издание „Луда среќа“, песна што носи силна емотивна порака за љубовта, судбината и вербата дека вистинските луѓе секогаш ќе го пронајдат патот еден до друг.

Песната е дело на Ефтимија Јованова, која ги потпишува музиката, текстот и аранжманот, додека за аудио миксот и мастерингот е заслужен Темелко Андреев.

Видеоспотот е реализиран во продукција на Фабрика Продукција, со камера на Јаков Огненовски, а режијата ја потпишува Љупчо Трајковски. Во спотот се појавуваат Лазар Иванов и кошаркарот Михаил, додека за изгледот на пејачката се погрижиле Милица Деспотоска (фризура), Данчо Велковски (стилинг) и Ана Денцова (шминка).

„Луда среќа“ зборува за надежта, далечината и силата на чувствата што ги надминуваат сите граници. Преку романтична приказна, песната ја пренесува идејата дека меѓу милиони луѓе понекогаш токму судбината ги спојува оние што се создадени еден за друг.

Рефренот „Милион патишта, милион соништа… која луда среќа е што те сретнав тебе“ ја носи главната емоција на композицијата и лесно останува во сеќавањето.

Со ова издание, Јованка Јо продолжува да го збогатува својот музички репертоар со современа поп-балада, која веќе го привлекува вниманието на публиката и е достапна на YouTube, а наскоро ќе биде објавена и на најголемите музички стриминг-платформи.

To top