Радио Милева семејно патување

Џенифер Лопез на одмор во Италија со своите деца: „Пред да одат на колеџ“

Џенифер Лопез на одмор во Италија со своите деца: „Пред да одат на колеџ“

Џенифер Лопез, ги поминува последните денови од летото со своите 18-годишни близнаци, Макс и Ема, пред да тргнат на факултет оваа есен. Пејачката сподели серија фотографии од нивното семејно патување во Италија на социјалните мрежи.

Фотографиите покажуваат како разгледуваат италијански знаменитости, уживаат во заеднички оброци, пазаруваат и прават селфиња. „Патуваме пред да одат на колеџ 😭“, напиша Лопез покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Минатиот месец, таа откри дека Макс и Ема, кои ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони, биле примени на сите колеџи на кои аплицирале и дека двајцата добиле стипендии.

„Многу сум горда на нив што ги поставија своите цели“, изјави таа за Extra. „И двајцата беа примени на сите пет колеџи на кои аплицираа. Можам да видам колку напорно се трудеа.

Инаку, Лопез за време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо!“, призна дека тешко се справува со фактот дека нејзините деца наскоро ќе го напуштат домот во јуни „Едно од нив матурира утре“, му рече таа на водителот Џими Кимел, а потоа се пошегува: „Ајде да не зборуваме за тоа бидејќи ќе почнеме да плачеме“.

foto: printscreen/instgaram/jlo

To top