Пред концертот на плоштадот во Пробиштип, закажан за 28 август на празникот Голема Богородица, Саша Ковачевиќ деновиве ужива во вистинска семејна бајка на егзотичен одмор со сопругата Зорана и нејзината ќеркичка од првиот брак Искра.
Додека идната мама која е во поодмината бременост и го носи нивното прво заедничко дете ги полни батериите под сонцето, пејачот не мирува. Најголем дел од времето го минува во игра, смеа и водени лудории со Искра, ќерката на Зорана од бракот со Богдан Срејовиќ, со која има исклучително близок однос и ја доживува како свое дете.

Но, покрај семејната идила, на социјалните мрежи никому не му промакна ниту изгледот на популарниот пејач. Саша објави серија фотографии од одморот на кои, освен најубавите семејни моменти, во преден план дојде и неговото извајано, мускулесто тело, кое веднаш собра лавина комплименти, особено од припадничките на понежниот пол.

Посебно внимание привлече и фотографијата на која за првпат го покажа трудничкото стомаче на Зорана. Таа позира во бикини, а преку стомакот е исцртано големо срце со крем за сончање – емотивен детаљ што ги разнежни нивните следбеници и предизвика илјадници лајкови и коментари.

Инаку, Саша и Зорана наскоро ќе станат родители на момче.

Пејачот неодамна откри дека пресреќни ја примиле веста за полот на бебето и со нетрпение ги бројат деновите до моментот кога во нивниот дом ќе пристигне новиот член на семејството.
Фото: Инстаграм/sashakovacevic






