Охрид со години наназад околу и за време на Илинден е вистинска мека за забава. Илјадници, особено млади од Македонија и соседството, доаѓаат на незаборавен викенд журки, концерти, клубски настапи… на најголемите македонски, регионални и светки ѕвезди.
Така беше и годинава кога во продолжениот викенд во Охрид кога покрај сите обични граѓани уживаа и некои од познатите лица од ТВ и естрадата. Меѓу сите ѕвезди и тие двете – пејачката Теа Трајковска и натурализираната македонска снашка, црномуреста ТВ водителка Ема Вандера или според македонското презиме – Блажеска.

Двете, поточно трите убавици заедно со колешката на Ема од ТВ шоуто „Старс“, Ивана Јанковска најпрвин се забавуваа на концертот на Слаткаристика.

Црно на бело – фортографиите на кои двете Македонки уживаат во забавата и фотографирањето заедно со црномурестата македонската снашка и им делат поздрави и бакнежи на своите Инстагранм следбеници.

Теа и Ема пак заедно од утро до мрак… Црно бела убавина во секоја прилика. И навечер кога двете онака „скоцкани“ за провод како за на сцена или за пред камера, сакале или не имаат намера да ги остават подзинати и случајните минувачи и своите познаници и пријатели и нивните следбеници и обожаватели.
Едната во широки тексас фармерки и провидна летна кошула од црна тантела со собрана коса плени на прв поглед.

Другата во тесни леопард принт ѕвонарки и црн проѕирен топ и пуштена кадрава коса, изгледа топ модел од насловниците на светските модни магазини, на кој и да сакаш не можеш да му најдеш мана… Како згодна дива ѕверка од африканската савана!

Обете различни, но со заводлив шарм, врвен моден стил и… убиствен сексапил!
View this post on Instagram
Модна сесија која на прва предизвикува фатална опсесија да бидете во нивна близина! Па и средe ноќ да ве огрее сонце, зашто Теа и Ема се ко’ Шакира и Бијонсе!

Впрочем како што тврди и самата Ема: „Да имаш згодна другарка е дел од твојот аутфит“!

А и едната и другата ја има!

И навачер и преку ден, кога Теа и Ема – естрадниот „секси еурокрем“ охридската ноќна дружба ја менуваат со плажа. Аутфитот од црно преоѓа во бело, во кој двете секси убавици изгледаат уште посмело, попривлечно и повозбудливо…

Дали вака згодни привлечни им се случила некоја возбудлива случка…? Тешко дека јавно ќе дознаете од пејачката или водителката… и нејзината омилена „кучка“!
Она што е единствено сигурно ќе ви го порачаат од таму: „Неќеме да се вратиме во Скопје, толку ќе кажам само“!

Фото: Инстаграм/emmvvandera/theatrajkovska




