Eдна година по трагичната смрт на Душко Чифлиганец, неговата сестра Драгана Чифлиганец се врати на патеката каде што го загуби својот брат и сподели емотивна порака што допре многумина.
Наместо празничен ден, за семејството Чифлиганец останува ден на болка и сеќавање.

„02.08.2025 – 14:10:25 секунди… Празнина како вулканска дупка. Болка за која никогаш не можев ни да помислам дека ќе ја доживеам. Наместо празник – тага до крајот на животот. Помина една година, а болката не стивнува, само е поголема од ден на ден. Недостигаш во секој ден, во секој здив и во секој момент. Те сакам бескрајно. #tomandjerryforever“, напиша Драгана Чифлиганец.

Душко Чифлиганец трагично го загуби животот минатата година натпреварувајќи се во мототрка на патеката Брно во Чешка. Тој беше дел од раководните структури на „Адора“. Беше познат како љубител на автомобили и мотори. Има добиено и бројни престижни признанија за брзински мотоциклизам.
Фото: Фејсбук/Dragana Cifliganec



