Деновиве временските прилики ептен се погодија, сонцето пуштено на најсилно пече – „убива“, па како и сиот нормален свет и македонските дами меѓу јавни личности побрзаа да заминат некаде на плажа за да ги наполнат батериите.
Иако некои тоа го направија уште на почетокот на летната сезона, сега повеќето наши познати убавици одлучија да го темнеат тенот, да уживаат, а воедно и да покажат со што распологаат.
Елена Велевска во базенска варијанта на разладување, се соблече во црвен костим за капење, па онака влажна и освежена, го сподели најдоброто од себе.

Она по што најмногу е препознатлива освен нејзиното пеење се разбира, кога е телесниот раскош во прашање.

Мелита Ракиќевиќ замина на море, но овој пат ја прескокна нејзината омилена дестинација Грција, па реши да ужива на Јадранот, поточно на островите во Хрватска.


А таму, распослана крај брегот,покажа како и колку знае да ужива…Или што би рекле некои, Мелита покажа што е „самодефиниција на индивидуализам во проекција на лична моќ“!
Марјана Станојковска од лото девојка неодамна „еволуираше“ во водителка на Утринската програма на националната МТВ куќа. Телевизијата ја смени, ама не и навиките добро да се изрекламира во бикини.

И себе си и брендот, а патем нејзините следбеници на Инстаграм уште еднаш да ги потсети, дека се’ уште важи за една од оние најзгодни… и најбујни Македонки.
View this post on Instagram
Сузана Гавазова пак, во костим за капење секогаш изгледа како „еротска секс бомба“!
И кога е некаде, на некоја плажа и кога е крај базенот, покрај неа секогаш можете да ја почувствувате раскошната и бујна, летна убавина на денот.
Фото: Инстаграм принтскрин




