Промотер

Калиопи директно од Белград ви посакува – „Добро вече, лаку ноќ“ (ВИДЕО)

Калиопи директно од Белград ви посакува – „Добро вече, лаку ноќ“ (ВИДЕО)

На специјална промоција во Белград, легендарната Калиопи ја претстави својата најнова песна со наслов „Добро вече и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“). Со овој проект, една од најмоќните вокалистки од регионот уште еднаш докажа дека нејзината уметност нема граници.

Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грилл, со кого Калиопи има создадено низа хитови кои ја обележаа нејзината кариера.

Песната „Добро вече и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи, а придружува и впечатлив видеоспот во режија на Александар Ристовски – Принц, кој, со својот препознатлив визуелен стил, му дава дополнителна димензија на емоцијата што ја носи песната. Видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Калиопи, каде што веќе собира позитивни коментари од публиката ширум регионот.

Калиопи со овој проект уште еднаш не потсетува зошто е една од највлијателните уметници на балканската сцена, успевајќи со секоја нова песна да создаде искрена и моќна музичка приказна.

To top