Промотер

Кире Науновски заедно со сопругата во спотот за новата песна „Дојди ми мила вечерва“ (ВИДЕО)

Кире Науновски заедно со сопругата во спотот за новата песна „Дојди ми мила вечерва“ (ВИДЕО)

Пошироката јавност Кире Науновски го запозна  како победник според Фејсбук гласањето на популарното музичко регионално талент шоу  звозрасни „Никогаш не е доцна“, по што неговата кариера продолжи во нагорна линија.

Со секој нов проект тој се обидува да понуди нешто поинакво, но истовремено да остане препознатлив по својот вокал и емотивната интерпретација.

По одличните реакции за неговата најнова песна „Дојди ми мила вечерва“, Кире деновиве го промовираше и видеото за песната.

Она што го прави овој спот особено интересен е појавувањето на неговата сопруга Марија, која заедно со Кире е дел од приказната преточена во видеокадрите. Нивната заедничка појава внесува дополнителна емоција и автентичност, особено имајќи предвид дека песната носи силна љубовна порака.

Спотот е снимен на повеќе атрактивни локации во Свети Николе, родниот град на Кире Науновски, а визуелната приказна е создадена така што ја следи атмосферата и емоцијата на самата песна. За реализацијата на видеозаписот се погрижи ИН Продукција, со современа продукција и визуелен пристап кој на песната ѝ дава дополнителна енергија и препознатлив изглед.

Посебен печат на видеото му дава токму присуството на Марија. Наместо класичен музички спот, Кире и неговата сопруга преку заедничките сцени носат приказна исполнета со љубов, блискост и искрени емоции.

„Ти ќе бидеш моја“ е песна која зборува за љубовта, а фактот што во видеото се појавуваат сопружниците ѝ дава уште поголема лична димензија.

Кире Науновски и понатаму ја гради својата соло кариера со сериозен пристап, вложување во нови песни и видеопроекти и, што е најважно, со препознатлив вокал кој веќе има своја публика.

To top