Радио Милева ги загрижи фановите

Ѕвездата од „Чувари на плажата“ снимен во инвалидска количка по смртта на поранешната сопруга

Ѕвездата од „Чувари на плажата“ снимен во инвалидска количка по смртта на поранешната сопруга

Американскиот актер и пејач Дејвид Хаселхоф (72), познат по улогата на Мич Бучанон во култната серија „Baywatch“„Чувари на плажата“, беше виден во понеделник во инвалидска количка на аеродромот во Канкун, Мексико.

Актерот се враќал од одмор со својата сопруга, 45-годишната манекенка Хејли Робертс, само неколку недели по трагичното самоубиство на неговата поранешна сопруга, американската актерка Памела Бах.

Според извор близок до Хаселхоф, актерот долго време се борел со здравствени проблеми, а дополнително бил погоден од веста за смртта на неговата поранешна партнерка. Истиот извор тврди за „Дејли меил“ дека актерот со децении се бори со алкохолизам и самолекување, што денес му е тешко и нешто за кое длабоко жали.

 

Подоцна истиот ден, Хаселхоф беше фотографиран и на аеродромот LAX во Лос Анџелес, каде што беше виден како криви со ногата, потпирајќи се на сопругата. Тој беше облечен во лежерна комбинација, а на новинарите им покажа палец нагоре како знак дека се чувствува добро.

Неговиот портпарол потврди за британскиот „Мирор“ дека актерот се чувствува стабилно и се подготвува за операција на коленото, што бил причината зошто користел инвалидска количка за време на патувањето.

Памела Бах, поранешната сопруга на Хаселхоф со која има две ќерки, почина на 5 март во својот дом во Холивуд Хилс. Според полициски извори, смртта е резултат на самонанесена прострелна рана. Семејството, како што е потврдено со изјавата на портпаролот, е длабоко потресено од оваа трагедија.

foto: printscreen/tiktok/instagram/davidhasselhoff

To top