Финалистката од „Ѕвездите на Гранд“, Мелиса Зијадиќ начна нагодувања дека решила да се мажи.
Принцот на талентираната Мелиса веќе и е познат на јавноста, бидејќи беше нејзина редовна поддршка во популарниот музички натпревар.
Мотив за ваквите претпоставки се поради тоа што Мелиса реши да облече неколку модели на венчаници и истите да се појават на социјалните мрежи.
„Гранд“ не ја пропушти оваа прилика за да објават дека финалистката Мелиса можеби решила да му каже „да“ на саканиот, сепак со едно ама и тоа дека можеби е само модел на некој салон за венчаници.
Вака или така, младата 18 годишна пејачка посакува да се види во бело, па кај избраникот дополнително ќе пробуди желба за нешто посериозно од нивната врска.
За потсетување, Мелиса Зијадиќ истурка цели 13 круга борба и успеаја да се издвои меѓу најдобрите шест од 17-тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Мелиса од почетоците повеќе беше во сенка поради својата едноличност и ненаметливост, но откако направи визуелна промена и се трансформираше и делумно опушти на сцената, таа успеа да се приклучи во јатото најдобри.
Мелиса беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ која целата сезона се грижеше таа да се пронајде и да го изнесе најдоброто од неа иако нејзиното време допрва доаѓа со своите 18 години.
Она што е познато е дека Зијадиќ сака да стане фризерка, ама и пејачка, како ќе ги комбинира нештата за понатаму, времето ќе покаже.
фото:Instagram printscreen/ melisa_zijadic_fp18/ You Tube /Zvezde Granda