Љубов и секс

Знаете ли што е виножито бакнеж: На некои им е одвратно, а некои ги возбудува

Знаете ли што е виножито бакнеж: На некои им е одвратно, а некои ги возбудува

Иако многумина не би се одлучиле на ваков чин, ги има и оние парови кои ги возбудува вакво нешто. Секако, треба да бидете внимателни и да избегнувате здравствени ризици (како, на крајот на краиштата, при секој сексуален однос).

Кога би го слушнале терминот „виножито бакнеж“, веројатно нема веднаш да сфатите за што се работи кога станува збор за сексуалниот живот на паровите. Еден од трендовите што зема замав вклучува необичен дел од сексуалниот чин за кој многумина тврдат дека всушност ги зближува со партнерот.

Од друга страна, има и такви кои само сакаат да пробуваат нови работи и да најдат задоволство и возбуда во тоа. Гинекологот Стејси Танује истакнува дека варијации на секс постојат за секое различно искуство да биде забавно и возбудливо на свој начин.

Тој исто така нагласува дека треба да се биде внимателен, бидејќи секој сексуален однос кој не вклучува заштита доведува до одредени здравствени ризици, а некои работи треба да се прават само со доверлив партнер.

А што е виножито бакнеж?

Станува збор за чин кој вклучува две лица кои даваат и примаат орален секс, но додека жената има менструација. Виножито бакнеж е мешавина од менструална крв и сперма. Почетокот на чинот е всушност позицијата 69, но кулминацијата е кога партнерите се бакнуваат на крајот од чинот, а комбинацијата од менструална крв и сперма дава виножито бакнеж!

Ако се прашувате зошто некој го прави ова, многу сексуално активни луѓе признале дека тоа ги возбудува, некои тврдат дека тоа им ја зацврстува врската и дека е слично на концептот на збратимување, кој вклучува размена на крв. И двата дела се еден вид доказ за доверба.

Сепак, повеќето луѓе не се воодушевени и признаваат дека никогаш не би се впуштиле во таков сексуален чин.

Секако, не смееме да заборавиме дека „ виножито бакнежот“ како таков носи ризици по здравјето, од ХИВ до хепатитис, херпес, кламидија, сифилис и други полово преносливи болести.

Извор: Попара.мк

To top