За фолк пејачката Анета Љумаковска како никогаш досега да не била така бомбастично медиумски активна. Редовно ја има по портали, а не се исклучок ниту поканите и гостувањата од малкуте телевизиски емисии кои ги имаме.
Иако само до месец август ќе биде дел од „Молика“ поради претходниот договор од закажаните настапи, Ането и како Љумаковска одлично си функционира на естрадата.
View this post on Instagram
Како што неодамна изјави во емисијата „Фолк џубокс“, сега сама се менаџира и организира, но во истотo нема никаква потешкотија и проблем.
За написите во медиумите и е драго што ја има по убаво, а за злите коментари на социјалните мрежи, нуту ги чита, ниту допираат до неа. Антивна и на социјалните мрежи, но само за по некоја нова фотка од снимање, салони за убавина, или од дома како во случајов.
Анета за првпат на своите следбеници им обозможи да ѕирнат во нејзиниот приватен рај и тоа со поглед преку богатото и масвно огледало од кое во фокус се издвои еден детаљ.
Станува збор за слика на ѕидот и тоа од самата себе на која очигледно си се бендисала, па дури и за да си ја закачи на ѕид и гледа за везден.
Некој можеби ќе рече дека моментот е нарцисоиден, додека други дека познатата битолчанка сака уметнички дела како значаен момент од ентериерот во домот… Сеедно!
Анета кажа дека Битола не би ја менувала за ниедно друго место, а каде е нејзината битолска адреса откако се разведе, засега останува енигма.
фото:instagram printscreen/ anetaljumakovska2701