Радио Милева сон на секоја жена

Ѕирнете во домашната модна оаза на Лила: За неа еден плакaр е малку, задоволна е со цела соба (видео)

Ѕирнете во домашната модна оаза на Лила: За неа еден плакaр е малку, задоволна е со цела соба (видео)

Припадничките на понежниот пол особено се радуваат на нови парчиња облека, обувки, накит, а кога целото тоа женско богатство е средено во еден совршен плакар, тогаш задоволството е уште поголемо.

Кога сте јавна личност, неизбежно е вашиот гардеробер да е преполн со разни модни парчиња облека, некои кои одговараат за на сцената и пред камерите, а други пак за оној живот кога ќе се исклучат рефлекторите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Македонската водителка Лила Филиповска и пред и зад објективот камерите секогаш изгледа средно, модерно и со стил, па речиси никогаш или барем ретко сме ја виделе во иста модна комбинација.

Неодамна Филиповска се пофали со својот моден рај во нејзиниот дом, па на своите следбеници им покажа како изгледа нејзиниот плакар или поточно цела соба.

Тоа е нејзино богатство од фустани, здолништа, панталони, чанти, високи потпетици…

Гардероберот е од отворен тип, па секое парче се гледа на полиците.

Познато е дека Лила многу често го пакува куферот како вечен патник, па оттука имавме прилика да ѕирнеме во гардероберот и да слушмене што има да сподели пред некаде да му ја летне.

Широко, пространо, ма мераци и сон од гардеробер за секоја жена што секогаш ќе ја каже добро познатата „немам што да облечам“.

фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska

To top