Љубов и секс

Жените открија зошто сакаат да излегуваат со многу помлади мажи

Жените открија зошто сакаат да излегуваат со многу помлади мажи

Убаво ми е што имам многу помладо момче. Непроценливо е да се видат изразите на лицата на другите луѓе кога ќе дознаат колкава е разликата во годините. Се шувствувам гордо, откри една од нив

На некои им се допаѓа сексот и чувството на контрола, додека други велат дека имаат чувство како да чуваат деца. Апликацијата Whisper п-оттикна многу жени во слични ситуации да проговорат за својата интима, бидејќи можат да бидат многу искрени, а да останат анонимни.

На некои од нив им е подобро ваквите работи да ги пишуваат на апликацијата, отколку да разговараат со некого за нив. Многумина велат дека можат искрено да зборуваат за своите врски со пријателите и членовите на семејството. Има и такви кои се срамат од своите врски иако во нив неизмерно уживаат, додека други пак се горди што излегуваат со помлади момци и сакаат тоа сите да го знаат.

Еве ги нивните причини зошто излегуаат со многу помлади момци:

Излегувам со помлади момци затоа што се чувствувам секси, поубаво и попривлечно со нив отколку со мажи на моја возраст.
Моето момче-играчка е толку секси, но кога ќе прозбори тој се гледа дека е доста помлад и многу ми е непријатно.

Таквите односи ми одговараат затоа што не бараат толку посветеност, а исто така имам целосна контрола врз нив, што ми се допаѓа.
Мојот дечко е осум години помлад од мене и никогаш не ми кажува дека ме сака. Таа несигурност ме јаде жива.
Ги сакам младите момци, но би сакала луѓето да престанат да мислат дека е чудно.
Запознав многу помлад маж и по првиот секс тој ми призна дека лажел за неговата возраст.
Денес сфатив дека го користев првиот тест за бременост како тинејџерка. Да бев бремена, бебето ќе беше старо колку и моето момче сега.
Јас сум постара жена и сум во врска со 20-годишник. Не ме осудувајте, тој прв ми пријде. Да, тоа е тотална лудница и се чувствувам фантастично.
Мојот драг е шест години помлад од мене и понекогаш се чувствувам како да бебе, а не како да сме во љубовна врска.
Излегувам со помлади за да имам контрола цело време.
Го сакам мојот дечко, но неговите лоши сексуални апетити ме убиваат. Тој е осум години помлад и треба да сака повеќе секс.
Сакам млади момци затоа што сакам да се забавувам и навистина многу секс, а мажите на моја возраст не може да го држат тоа темпо.
Секогаш ми беше чудно кога постарите жени имаа помлади мажи, но повеќе не ми е. И јас сега имам помладо момче.
Моето мече е особено внимателно кон мене и затоа ги обожавам помладите.
Порано го мразев кога помлади момци ми се додворуваа во барот, но сега го сакам тоа затоа што имам многу помладо момче. Непроценливо е да ги видите изразите на лицето на другите луѓе кога ќе дознаат која е разликата во возраста. Се чувствувам гордо.
Уживам во игрите со мојот дечко, но во исто време ја кријам болката што ја чувствувам заради неодамнешниот развод.
Луѓето ми го прават животот мизерен затоа што мојот дечко е 11 години помлад од мене. Не го разбирам тоа, и двајцата сме возрасни и што е важно каква е разликата во возраста.
Ужасно сум привлечена од помлади мажи, но се плашам дека ќе ме остават и ќе бидам осамена.

извор:popara.mk
фото:Freepik

To top