Во вторникот вечерта во „Сава центар“ беше организиран концерт наречен „Мал круг на големи луѓе“ кој се одржа во чест на Масимo Савиќ.
Бројни ѕвезди ги пееја хитовите на познатата музичка легенда, а меѓу нив беше и Жељко Јоксимовиќ.
И додека Жељко сјаеше на сцената, од публиката го гледаше неговата поранешна девојка со која беше во врска пред неполни две децении.
Водителката Адријана Чортан беше во публиката и ја сними магичната изведба на бројни нумери пред камера и ја објави на својот Инстаграм.
Жељко Јоксимовиќ и Адријана Чортан по долго време се најдоа на истото место.
Поранешните емотивни партнери сега се во среќен брак, тој со сопругата Јована Јоксимовиќ, а таа со бизнисменот Немања Симиќ.
Атрактивната водителка и пејачот беа во врска три години, а во тој период живееја заедно. Тие раскинаа, како што тогаш се пишуваше, поради нејзината колешка Јована, тогаш Јанковиќ, а сега и Јоксимовиќ, која за време на заедничката работа на Евровизија во 2007 година целосно го маѓепсаа Жељко и поради него го симна од раката вереничкиот прстен од Александар Зеремски.
фото: printscreen/instgaram/