Катарина Ивановска се впушти во манекенските води уште како тинејџерка. Манекенството, барем за Македонките кои се пробале да чекорат по писти, најчесто брзо завршува по неколку месеци или години, но за Катарина тоа стана вистинска професија, дури и откако стана мајка двапати.
Стекна интернационална кариера, а успеа да биде барана како манекенка и модел за многу престижни светски брендови.
Нашето убаво македонско девојче е гордост низ светот, но откри дека манекнстворо воопшто не е лесно како што навидум изгледа, особено кога пред неа се најавени ангажмани.
Но кога ги нема, Катарина баш знае да се опушти… Па така, веројатно ќе ви буде чудно, но Катарина пред полноќ јаде чоколада. Задоволствотвото не треба да трпи, а таа си го тера меракот и без грижа на совест си легнува со калориска бомба во себе.
Сепак, кога ќе се разбуди наутро, и ќе разбистри мисли со шолја кафе, ќе се дотера и направи нова фотка пред огледало, резултатот и покажува дека простор за уште мераци и тоа како има.
Катарина очигледно е ултра дарена од мајката природа да си ужива во своето тело ремек дело и да си го тера ќефот што и да и текне да јаде.
Она што исто така изненадува, а таа го откри во една прилика, е дека обожава да јаде чварки!
Епа навистина е среќна жена!
фото:Instagram printscreen/ ivanovska_katarina