Од нејзиното учество во популаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ поминаа неколку сезони и плејада учесници од целиот Балкан, арно ама како битолчанката Марија Груевска не се појави ни сличен, а таа ја задржа титулата за најекстравагантен учесник.
Публиката се сеќава и на нејзините настапи во „Икс фактор“, „На иста адреса“, како и настапот на фестивалот „Макфест“, но Марија веќе три години откако се омажи направи и крупни промени во животот и своето делување, особено на музички план.
Имено, таа заедно со својот сопруг веќе неколку години живее во Германија, а повраток за дома и е како само за „на гости“…
Можеби не толку активна и присутна како порано, што по медиуми, што на сцена, па сега најголемата активност ја има на социјалните мрежи.
Овој пат, расната и талентирана битолчанка прати еден поздрав од соблекувалната на теретаната каде тренира, а како и секогаш од нејзината пракса во фокус е бујниот задник на кој и повеќе од очигледно е дека е максимално посветена, веројатно и по сугестија од сопругот кој наедно е фитнес тренер.
Резултатот мега, па дури и од кадар „да бега“!
Летниот одмор се уште не и започнал, но затоа тука се и ланските разголени фотки од сочната Марија покрај морскиот брег од Лефкада.
За она што е во план летово, затоа потоа…
За потсетување, македонската „Гранд ѕвезда“ Марија Груевска се омажи за своето момче, фитнес-тренерот Синиша Стојаноски, а венчавката се одржа во еден манастир близу Битола. Покрај роднините и пријателите на свадбената церемонија присуствуваа и многу пејачи и колеги на Марија.
фото:Instagram printscreen/